

Мрежа owpsee
Мрежата owpsee се одликува со развиен систем на односи, тимот за производство на содржина бара вести, иницијативи и коментари од значење за целиот региони и/или во национален контекст, надминувајќи го јазичниот јаз со превод на се за што сметаме дека е од интерес за другите актери од граѓанското општество во регионот. Ги охрабруваме сите организации што работат во Југоисточна Европа и се обидуваат да придонесат за промени во регионот, да објавуваат. Сите се добредојдени како партнери на еден свет-платформата за ЈИЕ. Партнерството е првиот степен на формализација на односите, фокусирано на размената на информации и искуства, промоција на организациите на граѓанското општество и нивните вредности, прашањата со кои се занимаваат, нивните кампањи. Пријавувањето е бесплатно, едноставно, преку едноставен електронски формулар. Секоја партнерска организација, по едногодишно активно учество, се квалификува да го потпише договорот за членство, со што се стекнува со право да делегира член на Управниот одбор и со право на олучување во нашего големо регионално семејство на организации кои работат на општествени промени во ЈИЕ.
ГЛОБАЛНИ МРЕЖИ
Owpsee е член на две глобални мрежи: OneWorld.net и на Асоцијацијата за прогресивни комуникации. Со нив ги делиме вредностите на различност, критичка визија и моќта на информатичките и комуникациските технологии во креирањето отворени, евтини граѓански платформи. Заедно, ги поврзуваме публиките на глобално, регионално, национално и локално ниво.
Во изминатите пет години, активното учество и членство на owpsee во двете мрежи порасна, а извршната директорка на owpsee претседава со Управниот одбор на мрежата на Фондацијата OneWorld International, и е именувана за член на Одборот на директори на АПЦ во втор мандат (2007-2010).
Мрежата OneWorld се протега преку пет континенти и произведува содржини на 11 јазици, објавени на интернационалните вебсајт, на регионалните изданија и на тематските канали. Ги нуди најновите вести и ставови на повеќе од 1.600 организации кои работат на подигање на свеста за човековите права и борбата со сиромаштијата ширум светот. Голем дел од содржините се произведени на Југот, со цел да се прошири учеството на најсиромашните и најмаргинализираните народи во глобалната дебата.
Преку нас, можете да преминете на сите сајтови на OneWorld sites на англиски јазик: Африка, Југоисточна Европа, Јужна Азија, Велика Британија, САД, или на другите јазици... América Latina, España, Maailma.net, Nederland, Makedonski, Unimondo.org, österreich, SatuDunia, Албански, Јужнословенска група јазици.
Тематските канали на One World и соработничките проекти нудат длабинска анализа за заинтересираните заедници на бројни теми, вклучувајќи ги и дигиталните можности, образованието, ХИВ/СИДА, обука на интернет, користење на радиото и телевизијата за развојни цели.
Да ја претражите целата мрежа, посетете го сајтот OneWorld.net
Мрежата на АПЦ
Асоцијацијата за прогресивни комуникации (АПЦ) истовремено е и меѓународна организација заснована на членство која постои од 1990 година, и глобална мрежа на организации на граѓанското општество чија мисија е јакнење и поддршка за организациите, социјалните движења и индивидуите во и преку користењето на информатичките и комуникациските технологии.
Мрежата е цврст микс од организации од југот и од северот, а нивните комбинирани знаења и искуства во промоцијата и користењето на ИКТ на локално, национално и регионално ниво, ја разликува мрежата и нејзините активности од другите такви мрежи. Нашата вредност и уникатност произлегува од локалните перспективи и контактите со организациите одоздола, кои ги собираме во контактите со нашите членови.
Глобалните иницијативи, кампањи и соработнички проекти прават од АПЦ жива заедница за учење и центар за застапување и политики: Глобалниот преглед на информатичкото општество (GISWatch); АПЦ Жени; врати ја контролата врз технологијата (takebackthetech TbtT), GenderIT, и Методологијата за родова евалуација (GEM).